Свет

Пронајдени телата на сите настрадани во хеликоптерот на Брајант

29. јануари 2020 - 8:16 | МИА/КАЈГАНА

Телата на деветте лица кои го загубија животот при падот на хеликоптерот на поранешниот НБА кошаркар Коби Брајант се пронајдени, објавија американските медиуми.

Три тела беа извадени од остатоците од хеликоптерот во неделата, а останатите шест доцна синоќа.

– Остатоците се земени од местото на несреќата и се однесени во центарот за судска медицина, соопшти локалната полиција на Лос Анџелес.

Инспекторите работат на местото на настанот за да целосно ги разберат причините за трагичниот инцидент.

Според првичните соопштенија, приватниот хеликоптер на Брајант експлодирал во лет, додека летал низ магливи временски услови, а потоа паднал во Калабасас, Калифорнија.

Со Брајант во леталото имало уште осум лица, од кои едното е неговата 13-годишна ќерка Џијана со која тргнале на кошаркарски натпревар, објави New York Post.

Брајант (41) го одигра последниот професионален кошаркарски натпревар во 2016 година.

Брајант е едно од најголемите имиња во светската кошарка. Со тимот на Лос Анџелес Лејкерс, каде ја помина целата своја 20-годишна кариера, тој освои 5 титули и учествуваше на 18 „Ол-Стар“ натпревари.

Коментирај