Хроника

Пронајдени три килограми марихуана и кокаин кај двајца скопјани во Лагадин

25. август 2019 - 11:33 | МИА
Скопје, 25 август 2019 (МИА) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против Л.Г.(34) и А.В.(39), двајцата од Скопје, осомничени за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 13 август во населба Лагадин во Охрид полициски службеници извршиле преглед на патнички возила, сопственост на пријавените, и апартман во кој престојувале, при што пронашле и одзеле околу три килограми марихуана и кокаин.

Коментирај