Пронајдено телото на исчезнатиот маж од Дебар

Дебар,1 ноември  2018 (МИА) – Во водите на реката Црн Дрим доцна попладнево пронајдено е телото на исчезнатиот маж од Дебар, кој на 30 октомври беше пријавен за исчезнат.

Телото, според првичните информации, било меѓу гранки од дрвја во реката кај селото Вичишта, Република Албанија, наспроти селото Бомово, од македонска страна на реката, која е природна граница меѓу двете земји.

Сега починатиот Фатмир Сула (46) во Полициската станица од општа надлежност во Дебар за изчезнат го пријавило семејството, откако не се вратил дома од риболов, каде што често пати одел.

Во изминатите денови во пребарување на теренот беа вклучени полициски службеници од дебарската полициска станица  и роднини на Сула, а денеска е ангажирана и територијалната противпожарна единица.

Во потрагата со дебарската полиција соработувале и колегите од регионалниот полициски комесаријат од Пешкопеја, во согласност со надлежните институции на двете земји.

Треба да биде извршен увид  од страна на Основното јавно обвинителство и екипа од Полициската станица од Дебар, по што телото ќе биде пренесено во Општата болница во Дебар,заради обдукција.

Фатмир Сула бил  невработен и е татко на пет деца.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Хроника

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Read more

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Read more
 

Вести

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе