Фудбал

Пропадна трансферот на Дибала во Тотенхем

8. август 2019 - 14:57 | МИА/КАЈГАНА

Напаѓачот на Јувентус Пауло Дибала нема да замине во Тотенхем.

Според BBC, клубот од Торино решил да се откаже од продажбата на 25-годишниот Аргентинец, иако порано беше објавено дека страните веќе постигнале договор.

Износот на трансферот требаше да изнесува околу 70 милиони евра.

Минатата сезона, Дибала со Јувентус одигра 42 натпревари, постигна десет гола и оствари пет асистенции.

Според италијанските медиуми, Јувентус може да го продаде Дибала во друг клуб.

Конкретен интерес за него покажува францускиот шампион ПСЖ.

Коментирај