Фудбал
ЗИМСКИ ТРАНСФЕР ПЕРИОД 2020

Пропаѓа размената Спинацола - Политано?!

16. јануари 2020 - 15:16 | Ф.З.

Проблем настана со медицинскот преглед на играчот на Рома кој во Милано не го мина целосно, па Интер побара менување на договорот.

Сѐ беше договорено за размена помеѓу Интер и Рома. Во Милано дојде Леонардо Спинацола, додека во Рим се пресели Матео Политано. Овој вториот веќе и се сликаше со шал на Рома и даде интервју како играч на „Волчицата“.

Во текот на вчерашниот ден двајцата ги имаа медицинските прегледи во своите нови клубови, но тука заринка Спинацола. Историјата на повреди му попречи целосно да го мине прегледот, по што од таборот на „Нераѕурите“ упатија барање до Рома да му направат дополнителни прегледи денеска за да се уверат дека ќе може дава сѐ од себе.

Рома го одби таквото барање по што Интер најави дека се откажува од првичниот договор кој беше позајмица со задолжителен откуп на лето и го измени во позајмица со право на откуп на лето. Тоа значи дека по завршувањето на сезоната клубовте нема да бидат обврзани да ги откупат играчите. Со новиот развој на настаните Интер сака да се заштити за да не заглави со играч кој е склон кон повреди. Рома категорично одбива таква зделка, па по сѐ изгледа дека размената ќе пропадне.

Коментирај