Пропуштил тренинг бидејќи го грабнале вонземјани

Фудбалерите за своите доцнења или пропуштања на тренизните често имаат разно-разни оправдувања, но она на поранешниот играч на Бока Жуниорс е убедливо најинтересно.

Веројатно малкумина во Европа слушнале за Гижермо Марино, играч од средниот ред. Никогаш не заигра на Стариот континент, ниту пак за репрезентацијата на Аргентина. Кариерата ја почна во Њуел'с Олд Бојс, потоа играше за Бока Жуниорс, па мексикански Тигрес, чилеански Универсидад, па повторно дома во Бока Унидос и Атлетико де Рафаела. Во пензија замина во 2015 година.

Периодот минат во Универсидад веројатно беше негов најдобар бидејќи со доаѓањето на стратегот Хорхе Сампаоли тимот освои три последователни титули шампион на Чиле, како и една Копа Судамерикана, додека Марино се естаблира како еден од клучните играчи на популарните У.

Токму во Универсидад имал еден доста необичен инцидент, како што самиот тврдел. Неговиот тогашен соиграч Густаво Лоренсети открива како Марино им се доверил на соиграчите за доцнењето на една тренинг сесија.

Марино во дресот на У

„Гижермо рече дека задоцнил на тренингот бидејќи бил грабнат од вонземјани. Тој детално ни објасни што се случило и како се чувствувал за време на настанот. Има играчи кои велат: 'Тргнав, ама стигнав два дена подоцна бидејќи бев киднапиран од вонземјани', но Гиже не е таква личност. Гиже беше многу добро момче, сите го познаваа како таков“, раскажува Лоренсети за Lado B.

„Објаснуваше како одеднаш се загубил и го грабнале вонземјани. Потоа ни кажа како вонземјаните му ја извадиле душата, ја испитувале, но и се грижеле за него додека бил таму. Нешто во тој стил кажа“, вели тој не откривајќи кога точно во двете години под Сампаоли се случила дешавката.

Лоренсети во дресот на У

„Искрено, јас верувам во вонземјани. Тој даде одлично објаснување и мораме да му веруваме. Ќе треба него да го прашате за да раскаже поубаво и подетално, но во секој случај тој беше грабнат од вонземјани“.

„Не знам дали Гиже му ја кажал истата приказна на Сампаоли, да бидам искрен. Многу веројатно дека тие разговарале после доцнењето. Но, познавајќи го Гиже, мислам дека Сампаоли му поверувал. Што да се каже? Случката е за на Discovery Channel или слично“, заршува Лоренсети.

Чиле е позната дестинација за НЛО каде често воената авијација има блиски средби на небото. Дали авантурата на Марино е вистинита или не, ќе остане мистерија.

Remote video URL
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе