Европски научници

Просечната температура во 2024 година ќе го надмине прагот од 1,5°C

Оваа година ќе биде најтоплата во историјата и прва во која просечната температура била за повеќе од 1,5 °C повисока од просечната температура во прединдустрискиот период, објавија европските научници.

Агенцијата на ЕУ Copernicus проценува дека просечната глобална температура во 2024 година би можела да биде за 1,55°C повисока од прединдустрискиот просек, во споредба со 1,48°C во 2023 година.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш веќе зборуваше за „климатски колапс“.

„По десет месеци, 2024 година е речиси сигурно дека ќе биде најтоплата досега и прва со температури над 1,5°C над прединдустриските нивоа“, рече директорката на агенцијата Саманта Берџис.

„Тоа е пресвртница за глобалната температура што треба да послужи како катализатор за подигање на амбициите на претстојната климатска конференција COP29“, додаде таа.

COP29 започнува во понеделник во Баку, Азербејџан.

На климатската конференција во Париз во 2015 година, земјите се согласија да го ограничат глобалното затоплување под два степени и идеално на 1,5 степени Целзиусови.

реклама

Доларот конечно зајакна

Read more

Отстранете ги црните дамки од вашата пегла со предмет што веројатно го имате дома

Read more

Левица: Стан во Центар од 1 денар, куќа од 28 денари пријавиле функционери од ВМРО-ДПМНЕ

Read more

Sky Sports: Анчелоти го напушта Реал следната недела

Read more

Наука

Побиена теоријата за потеклото на водата на Земјата

Read more

Повеќето Европејци знаат за квантната технологија, но не знаат што е тоа

Read more

Германски научници оживеаја алги стари 7.000 години

Read more

Возбудливо откритие: Научниците за прв пат забележаа нова форма на кислород

Read more
 

Гик

Вештачката интелигенција лаже за тоа како размислува

Читај повеќе

Побиена теоријата за потеклото на водата на Земјата

Читај повеќе

Google Earth од XV век: Приказна за монахот кој го мапирал светот

Читај повеќе

Razer го претстави својот прв вертикален глушец

Читај повеќе

Кина размислува за изградба на нуклеарен центар на Месечината

Читај повеќе

Strava сега може да го предвиди финишот на трката

Читај повеќе
  • filter

OnePlus го претстави паметниот телефон 13T

Читај повеќе
  • filter

Вселенскиот телескоп Hubble го слави 35-тиот роденден

Читај повеќе

Данска гради тунел до Германија како од Lego коцки

Читај повеќе