„Протече“ новиот Jaguar: Драстична промена на дизајнот

Електричниот концепт автомобил GT е првиот чекор, проследен со три сериски електрични модели.

Првите фотографии и илустрации на новиот Jaguar протекоа на интернет форумот Coche Spias, кој најавува нов дизајн правец за британската марка во индиска сопственост, вклучувајќи нов визуелен идентитет и лого.

Електричниот концепт автомобил GT е првиот чекор, проследен со три сериски електрични модели. Концептот официјално ќе биде претставен во понеделник навечер на настанот во Miami Art Week.

Врз основа на првите рендери/скици, се чини дека новиот дизајнерски правец е комбинација на елементи од минатото (долга хауба) и футуристички минимализам, кои, на пример, Tesla ги претстави со својот модел Cybertruck.

На предниот дел од автомобилот може да се забележи и влијанието на автомобилите на Rolls Royce, но оригиналноста е ретка овие денови, па затоа дизајнерите на Jaguar тешко можат да бидат обвинети за копирање.

Задниот дел од автомобилот нема стакло (камерите очигледно се одговорни за видливоста одзади), додека има мрежеста структура со интегрирани светла.

Серискиот модел, кој Jaguar неодамна почна да го тестира на патиштата, ќе има 575 КС и автономија поголема од 680 километри. Почетната цена на автомобилот ќе биде околу 120.000 евра.

Тагови
реклама

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Матурант од Струмица најден мртов на нива

Read more

Барселона заработи милијарда евра, паднаа одлуки за Јамал и Вилијамс

Read more

Печатот во пасош заминува во историја: ЕУ воведува нов систем на границите

Read more

Авто новости

Xiaomi ќе го претстави SUV моделот YU7 на 22 мај

Read more

Кинескиот одговор на Cybertruck оди во сериско производство

Read more

Ден на автомобилска извонредност: Porsche Центар Скопје домаќин на 911 заедницата

Read more

Како настана првиот пикап на Балканот?

Read more
 

Автомобили

Xiaomi ќе го претстави SUV моделот YU7 на 22 мај

Читај повеќе
  • filter

Кинескиот одговор на Cybertruck оди во сериско производство

Читај повеќе

Renault 4 се враќа во 4х4 издание

Читај повеќе
  • filter

Ден на автомобилска извонредност: Porsche Центар Скопје домаќин на 911 заедницата

Читај повеќе
  • filter

Како настана првиот пикап на Балканот?

Читај повеќе

Камионите DAF добиваат соларни панели, наводно ќе трошат помалку гориво

Читај повеќе

Електричниот Volkswagen Golf GTI ќе биде „чудовиште“

Читај повеќе
  • play_arrow

Во друштво на суперспортските автомобили сега е и De Tomaso P72

Читај повеќе

Скок во продажбата на електрични автомобили

Читај повеќе