Протече планот на Трамп за НАТО: Европа мора да се разбуди

Макфакс
/ 11.07.2024 / 12:41

Доналд Трамп размислува за драстично намалување на размената на разузнавачки информации со членките на НАТО, потврдија за Politico странски претставници информирани за планот на поранешниот, а можеби и идниот американски претседател.

Ова, пишува Politico, би можело да испадне исклучително опасно бидејќи Европа е во голема мера зависна од Америка кога станува збор за пристап до тој вид на информации, што веќе ѝ помогна на Украина да се одбрани од Русија.

Советниците на Трамп им кажаа на сојузниците дека намаленото споделување информации ќе биде дел од поширокиот план за намалување на поддршката и соработката на САД со 32-члената алијанса, рекоа тројца европски и високи претставници на НАТО, кои разговараа со Politico под услов да останат анонимни, за да можат да ја откријат содржината на внатрешните комуникации.

Официјални лица рекоа дека дознале за предлогот за намалување на споделувањето разузнавачки информации за време на дискусиите со советниците на Трамп за пошироките планови за намалување на американското учество во НАТО. Поранешниот претседател постојано го испрашуваше и се обидуваше да го поткопа Сојузот за време на неговиот прв мандат.

Намалувањето на размената на разузнавачки информации може да има сериозни безбедносни импликации, особено за Украина, која се обидува да се одбрани од руска инвазија.

„Американското разузнавање помогна да се убедат многу земји од НАТО дека Путин е решен да ја нападне Украина“, рече еден европски функционер. „Некои земји не веруваа дека Русија има капацитети да започне успешна воена кампања“, додаде тој.

Запрашан за коментар, портпаролот на кампањата на Трамп не одговори директно, туку се осврна на социјалната мрежа Truth Social дека поранешниот претседател „ќе го врати мирот и ќе ја обнови американската сила и одвраќање на светската сцена“.

Ограничувањето на споделувањето разузнавачки информации во можната идна администрација на Трамп беше тема на разговор на самитот на НАТО оваа недела, потврдија европските претставници, како и висок американски функционер. Politico обезбеди анонимност за сите слободно да разговараат за своите размислувања за втората администрација на Трамп.

Намалувањето на нивото на размена на американско разузнавање може да ја намали способноста на Европа да се спротивстави на руската инвазија доколку претседателот Владимир Путин одлучи да ги прошири воените операции на континентот надвор од Украина, изјави висок американски функционер.

реклама

Пијте го пред спиење: Напиток што го намалува шеќерот и помага при слабеење

Read more

Благодарение на еден трик засадените домати ќе имаат повкусни и поголеми плодови

Read more

Зошто на ЕУРО нема натпревар за 3. место? УЕФА даде објаснување

Read more

Приведен скопјанецот во чија куќа беа најдени четирите издрогирани деца

Read more

Свет

Значително намалени нелегалните преминувања на надворешните граници на ЕУ, особено на Западен Балкан

Read more

Расте фрустрацијата во НАТО: Гафовите на Бајден го засенија важниот самит

Read more

Избегнат страшен судир на патнички авиони на американското небо

Read more

Орбан објави фотка со Трамп: Разговаравме за мир, добрата вест е – ќе го реши тоа

Read more
 

Вести

Бебе оставено среде центар во Велес, случаен минувач го однел во болница

Читај повеќе

Значително намалени нелегалните преминувања на надворешните граници на ЕУ, особено на Западен Балкан

Читај повеќе

Приведен скопјанецот во чија куќа беа најдени четирите издрогирани деца

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Големи протести во Албанија: Летаат молотови коктели и се бара оставка од премиерот

Читај повеќе
  • play_arrow

Што сè видовме на Викенд на гордоста - Скопје 2024?

Читај повеќе

На конкурсот за годишни награди на Друштвото на писателите пријавени вкупно 35 дела

Читај повеќе

Четворица малолетници најдени затруени, итно се пренесени на Токсикологија

Читај повеќе

Температури до 42°C, UV индексот 10

Читај повеќе

Семејство тврди дека нивното бебе било тепано на Педијатрија

Читај повеќе