Протекоа фотографии од новиот модел: Најдобриот Samsung досега?

Иако помина цел месец откако беше претставена новата генерација на уреди од линијата Galaxy S на јужнокорејскиот производител Samsung, на интернет веќе почнаа да кружат фотографии од новиот Galaxy Note, кој би требало да биде претставен во текот на летото.

Според гласините кои доаѓаат од луѓето кои се „добро упатени во работата на компанијата“, ова би можел да биде најдобриот телефон на Samsung досега произведен.

Моделите од производната серија Note станаа познати поради нивните големи екрани – денес звучи смешно кога ќе се потсетиме дека пред само неколку години луѓето сметаа дека екранот со големина од 5,3 инчи е преголем за секојдневна употреба. За споредба, моделот Note 10 би требало да има дијагонала од 6,6 инчи, а Galaxy 10 Plus има екран со големина од 6,4 инчи.

Новиот Galaxy Note ќе го продолжи трендот кој Samsung го започна уште минатата година, со кој предната камера не е сместена над екранот, туку директно под него. Така, наместо „notch“, новиот Note би имал дупка на екранот, исто како новиот Galaxy S10.

На предната страна ќе се наоѓаат две камери со слична оптика како кај моделот Galaxy S10, додека на задната страна ќе бидат сместени дури четири камери. Покрај двете класични камери, новиот Note ќе има и камера за зумирање (12 MP), како и камера за снимање на широк агол (16 MP).

Што се однесува до хардверот, не би требало да има поголеми изненадувања – тоа значи дека Note 10 ќе ги користи најмоќните процесори од оваа година – Snapdragon 855 или Exynos 9820, во зависност од пазарот на кој се продава. Исто така, се споменува и поддршка за 5G, мобилната мрежа од новата генерација.

Официјалната премиера на новиот Samsung Galaxy Note 10 би можеле да ја очекуваме околу почетокот на август, со тоа што од гласините велат дека овој уред ќе биде нешто поскап од неговиот претходник.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Мобилни

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Read more

Vivo ја претстави новата X Fold3 серија смартфони

Read more

Xiaomi Civi 4 Pro е првиот смартфон со Snapdragon 8s Gen3 процесор

Read more

Како да си ги вратите фотографиите што случајно сте ги избришале од телефонот?

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе