Најновиот смартфон на HTC, Bolt, повеќе не е гласина туку нов уред на тајванскиот производител на паметни телефони, благодарение на фотографии и детали што „протекоа“ на интернет.
Се чини дека HTC Bolt ќе има 5,5-инчен 1080p дисплеј, што го прави нешто поголем од претходникот, HTC 10. Вклучува 3GB RAM, 64GB меморија за надоградување, скенер за отисок, USB-C порта и софтвер Android Nougat.
Како и Moto Z и iPhone 7, и овој смартфон нема да има 3,5 милиметарски приклучок за слушалки.
Што мислите за телефонот?