Интернет

Протекоа личните податоци на повеќе од 267 милиони корисници на Facebook

20. декември 2019 - 8:49 | МИА

Њујорк, 20 декември 2019 (МИА) – Личните податоци на над 267 милиони корисници на социјалната мрежа Facebook се достапни на интернет, предупреди британската компанија Comparitech.

Според неа, пристап до базата на лични податоци – имиња, телефонски броеви и други информации може да добие секој корисник на интернет без лозинка и регистрација.

Поголем дел од податоците се на корисниците на Facebook во САД.

Базата на податоци е креирана од хакери во Виетнам, утврди компанијата што работеше на случајот заедно со независниот експерт Боб Дајаченко. Таа била поставена на интернет на 4 декември, а откриена на 14 декември од страна на Дајаченко, кој ги предупреди провајдерите за да ја блокираат.

На 19 декември, контролата покажа дека базата веќе не е достапна.

Сепак, сè уште не е познато колку од личните податоци се нашле во рацете на хакерите. 

Коментирај