Протест пред Филозофскиот факултет во Белград, се бара преодна влада и нов Кризен штаб

По вчерашните протести поради најавата за евентуално повторно воведување на полицискиот час во Белград и протестите што ескалираа пред зградата на Собранието, неколку политички партии попладнево организираа нов протестен собир, овојпат, пред Филозофскиот факултет.

На улиците на Белград попладнево има зголемен број поддржувачи на различни политички партии, иако Вучиќ денеска изјави дека најверојатно нема да биде воведен полициски час кој требаше да започне во петок во 18 часот и да трае до понеделник до 5 часот наутро.

Опозициската партија Сојуз за Србија бара формирање на преодна влада и нов Кризен штаб за борба против епидемијата, како и промена на врвот на полицијата по употребата на сила на синоќешниот протест во српската престолнина.

Меѓу собраните граѓани и се лидерите на опозицијата, претседателите на Партијата за слобода и правда Драган Џилас, на Народната партија, Вук Јеремиќ, на Двери, Бошко Обрадовиќ, на Демократската партија, Зоран Лутовац, и на Движењето за промени Јанко Веселиновиќ.

Бројни полициски сили распоредени околу зградата на српското Собрание

Бројни полициски сили се распоредени околу зградата на српското Собрание. Тука се поставени полицајци на коњи и со кучиња, како и неколку полициски возила, пишува N1.

Полицајците се распоредени и во близина на зградата на РТС.

Како што пренесува новинарот на Н1, граѓаните кои поминуваат покрај Собранието ги прашуваат полицајците од кого всушност ја бранат зградата. 

Од насобраните има најава дека вечерва повторно ќе има протест пред српскиот Парламент, каде синоќа до доцна во ноќта имаше жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе
  • play_arrow

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Читај повеќе

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе