Протест во Тетово поради поскапување на електричната енергија

Тетово, 6 август 2020 (МИА) – На градскиот плоштад во Тетово голем број граѓани се собраа на протест по повикот упатен од организациски одбор на социјалните мрежи во знак на незадоволство и револт поради зголемување на цената на електричната енергија.

Претставник на органицискиот одбор ги прочита барањата.

-Одлуката на Регулаторната комисија е скандалозна затоа што плаќаме скоро највисока тарифа за електрична енергија во Европа. Затоа од овој плоштад во Тетово го креваме својот глас во име на граѓаните за вака ги доставиме барањата до Регулаторната комисија, Парламентот, Владата и до компанијата ЕВН. Прво регулаторната комисија веднаш да ја стави вон сила одлуката за зголемување на цената и да ја намали цената за 20 отсто. Второ, Владата да го укине монополот на услугите за ЕВН и да стави крај на нечовечкото однесување кон потрошувачите. Собранието да ја укине Регулаторна комисија бидејќи служи само за апетитите на бизнис групациите кои сериозно го оштетуваат семејниот буџет на сиромашните граѓани. Последно четврто барање е Собранието да формира независен арбитрарен орган кој ќе го верификува квалитетот на услуги и ќе ги адресира поплаките на граѓаните на ваквите корпоративни рекетарски компании, истакна претставникот на оргнизацискиот одбор.

Тој истакна дека споменатите институции имаат десет дена да ги исполнат барањата.

-Овој протест е организиран да се даде шанса за мирот да се спречат оние огорчени граѓани кои претпочитаат да ги решат овие проблеми според бугарскиот модел. Ако вие кои треба да ги решавате овие барање се оглушите, вие ќе го оштетите мирот и вие ќе бидете одговорни за насилството што може да избувне. Ако не ги сфатите сериозно овие барања ќе ги оправдате радикалните постапки на граѓаните, истакна претставникот на организацискиот одбор.

Според прочитаното соопштение на организацискиот одбор по седум дена ќе има марш по градските улици и ќе се блокира сообраќајот.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more
 

Вести

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе