Протестен марш на иницијативата „Култура или Фис-култура?“

Александра Спасеска
/ 25.02.2021 / 13:37

Уметници и културни работници од иницијативата „Култура или Фис-култура?“ најавија протестен марш по последните случувања во културата во Северна Македонија.

Протестниот марш е закажан за в среда, 3 март, со почеток во 12 часот, од Паркот Ибни Пајко во Скопје.

„Стратегијата за развој на културата 2018-2022 година беше најавувана како ‘Стратегија на ослободување од режимските културни политики на претходната власт’ преку инсталирање на нов модел кој ќе го анулира претходно воспоставениот модел на арбитрарна и клиентелистичка власт, која ја партизира културата, задушувајќи ја нејзината автономија и општествена важност. Мошне впечатлив и значаен момент во документот е ставот дека е неопходно ослободување од затвореноста, нестручноста и непрофесионалноста, од бирократијата и клиентелизмот, од манипулацијата и нетранспаретноста. За жал, културата е далеку од ‘ослободена од заробеноста’ и принципите на Стратегијата изгледаат како хипокритична демагогија на парче хартија, затоа што во реалноста состојбите се дијаметрално спротивни и поразителни. Сѐ уште сме сведоци на партизација на институциите, каде што припадноста на партијата е повисок критериум за избор на раководно лице, член на управен одбор, па дури и обичен вработен, од критериумите на стручност, образование, искуство и компетентност кои произлегуваат од објективното расудување и се предвидени со Закон“, велат од иницијативата во најавата за протестниот марш.

Оттаму додаваат дека имаат силна волја да помогнат во доследното почитување на „’вашите’ и ‘наши’ принципи“, наведени во националната Стратегија и и ќе упатат пет барања до донесувачите на одлуки.

Барањата се:

1. Разрешување или оставка на новоименуваниот директор на НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, поставување на в.д. директор од редот на носителите на дејност и распишување на нов конкурс за избор на директор најдоцна во рок од шест месеци согласно Законот за култура.

2. Измени во членот 27 од новиот Предлог закон за остварување на јавниот интерес во културата и негово усвојување во најбрз можен рок. Измените во членот 27 се со цел заострување на критериумите за избор на директори и во таа насока бараме за неговото назначување да одлучува комисија која нема да биде составена само од членови кои доаѓаат од редот на вработените во Министерството за култура, туку во неа да учествуваат и надворешни, истакнати стручни лица со сериозен кредибилитет од дејноста за која се распишува конкурсот за раководното место. Изборот да се врши транспаретно, со видео и аудио снимка на интервјуата од кандидатите, нивно јавно презентирање, како и јавно објавување на програмите за работа на кандидатите, сѐ со цел да се отфрли сомнежот за манипулација при изборот и да се избегне криењето зад формално-правните процедури. Одлуката за избор на директор да ја носи комисијата согласно конкретно дефинирини критериуми и бодувања, со што нејзината улога нема да биде само едноставно утврдување на комплетноста на поднесените апликации, а со тоа ќе се намали и дискреционото право на Министерот да одлучува и да носи политички одлуки кои се навредливи за културата и целото општество.

3. Вештачење и јавна проверка на приложените документи за докажано работно искуство во областа на културата и конкретната дејност на сите актуелни и идни кандидати за раководните позиции во институциите од културата.

4. Вештачење на приложените сертификати и јавна проверка на познавањето на англиски јазик на сите актуелни и идни кандидати за раководните позиции во институциите од културата.

5. Јавно објавување на програмите со кои конкурирале сите актуелни раководители на институции, програмите на нивните противкандидати, како и јавно објавување на програмите на сите идни кандидати за раководните позиции во институциите од културата.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

  • play_arrow
  • filter

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Читај повеќе

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Читај повеќе

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе