Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

Скопје, 28 ноември 2018 (МИА) – Опозициската ВМРО-ДПМНЕ од пред седиштето на партијата го почна протестниот марш, кој го организираат една година по приведувањето на лицата за собраниските инциденти од 27 април лани. Членовите на партијата предводени од раководството ќе го завршат протестот пред Владата на РМ за каде е најавено обраќање на лидерот Христијан Мицкоски.

По седницата на Извршниот комитет минатата недела партијата најави дека во наредниот период ќе организира протести со кои што, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, ќе се застане на патот на антинародната и криминална власт.

Претседателот на партијата Мицкоски изјави дека со денешниот протест ВМРО-ДПМНЕ ќе прогласи и ќе почне национална, економска, социјална и образовна, сеопфатна и сеопшта револуција против погрешното владеење  на Зоран Заев, економското и националното разнебитување. Тој најави дека протестите ќе продолжат не само во главниот град, и во други градови низ Македонија.

Според него, 28 ноември има симболика за ВМРО-ДПМНЕ и за целокупното владеење на Заев.

„Тоа е денот кога беше направен упад во правниот систем на Македонија, кога вицепремиерот и министер за внатрешни Оливер Спасовски по налог на Заев, без да им биде симнат имунитетот на пратениците, со лисици на рацете правеше спектакли во јавноста и прогласи дел од тие луѓе за терористи и насилници. Денеска гледаме дека дел од тие се луѓе кои имале европски карактер. Ги поканувам сите граѓани кои сакаат да им застанат на патот на СДСМ и на Заев во ова национално разнебитување, економско разнебитување и разнебитување по која било основа и погрешно владеење, да ни се придружат, да застанат рамо до рамо со нас, да ја поченеме оваа напа сеопфатна и сеопшат револуција“, рече Мицкоски.

Поради протестот, кој почна од плоштадот „ВМРО“, а ќе заврши пред зградата на Владата, е воведен посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Read more

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе