Протести во Бугарија поради убиството на новинарката Маринова

Софија, 9 октомври 2018 (МИА) - Стотици граѓани синоќа протестираа во повеќе градови во Бугарија поради бруталното убиството на новинарката Викторија Маринова во градот Русе.

Протестантите носеа транспаренти со написи: „Ако нема правда, нема мир“, „Митото убива“.

Бугарскиот државен обвинител Сотир Кацаров вчера изјави дека властите немаат нови индиции за мотивите за силување и убиство на Маринова, предупредувајќи дека во оваа фаза од истрагата е потребна претпазливост.

Според него, властите ги следат сите нивоа на истрага за нејзиното убиство.

„Во оваа фаза мора да бидеме внимателни, не затоа што немаме што да кажеме, туку затоа што секој непрецизно изговорен збор може да ја загрози нашата работа“, рече Кацаров.

Тој додаде дека „едно е сигурно - нападот е екстремно брутален и исклучително монструозен“.

Бугарската истражувачка новинарка Викторија Маринова (30) во саботата беше брутално претепана, силувана и задавена во Русе, северна Бугарија, а нејзиното тело беше пронајдено во парк во близина на реката Дунав.

Маринова беше новинар и уредник на бугарската телевизија ТВН и известуваше за истрага за наводна корупција поврзана со фондовите на ЕУ.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе