Протести во САД: Пожар во близина на Белата куќа

МИА/КАЈГАНА
/ 01.06.2020 / 09:56

Судирите меѓу демонстрантите и полицијата не престануваат и покрај полицискиот час што го објавија властите за да го смират гневот предизвикан од смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Претседателот Доналд Трамп вети дека ќе го „запре колективното насилство“ и вандализмот на улиците во САД.

Полицијата во Минеаполис употреби солзавец и други средства, за да ги растера луѓето што не го почитувале полицискиот час.

Демонстрантите и полицијата се судрија и во Њујорк, Филаделфија, Лос Анџелес и Атланта, поради што градските власти, како и властите во Мајами и Чикаго, прогласија полициски час.

Како и во Минеаполис, така и на други места, тензиите се зголемуваа. Групи незадоволни граѓани имаше на протестите во Далас, Лас Вегас, Сиетл, Мемфис и на други место, дури и во Вашингтон пред Белата куќа. Тие извикуваа „Животите на црнците се важни“ (Black lives matters) и се соочиja со полицајците опремени со штитови и полиција на коњи пред оградата на Белата куќа.

Избувна и пожар во близина на Белата куќа, веднаш по завршувањето на полицискиот час. Guardian пишува дека пожарот избувнал во подрумот на црквата на св. Јован која од 1816 се нарекува и „црква на претседателите“. Пожарникарите на градот Вашингтон за кратко време го ставиле пожарот под контрола.

Во Њујорк беа приведени повеќе од 200 лица, а повредени се и неколку полицајци. 

Во Атланта и Мајами, толпите запалија полициски возила.

Во Лос Анџелес, повредени се пет полицајци, а неколку стотици лица беа приведени за ескалација, палење продавници и грабежи, особено во луксузни продавници во Беверли Хилс.

Неколку полициски возила беа оштетени во Чикаго, додека најмалку едно е запалено.

Властите во Филаделфија соопштија дека мирните протести ескалирале во насилство, при што најмалку 13 полицајци се повредени и регистрирани се пожари и грабежи во центарот.

Во Талахаси, на Флорида, камион влета во демонстрантите, но нема сериозни повреди. Полицијата го уапси возачот.

Во Колумбија, Јужна Каролина, еден локален известувач на ТВ станица беше повреден кога главната полициска станица беше каменувана. Неколку стотици луѓе учествуваа на протестите.

Во Лос Анџелес, полицијата користеше гумени куршуми за да ја растера толпата. Уништено е најмалку едно полициско возило.

Флојд ќе биде погребан во Хјустон, неговиот роден град.

Полицаецот кој го уби Флојд,  Дерек Шовен е уапсен, но Американците сакаат неговото обвинение да биде за убиство со предумисла и да бидат уапсени тројцата други полицајци кои учествува при апсењето.

Remote video URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе