Протестите во Чикаго се претворија во масовна пљачка, уапсени над 100 лица

МИА/КАЈГАНА
/ 11.08.2020 / 09:11

Стотици луѓе излегоа на улиците на Чикаго во знак на протест против полициската бруталност што за кратко време се претвори во организирана пљачка.

Толпата „го нападна“ трговскиот дел на Чикаго, каде се сместени голем број брендирани продавници, хотели, ресторани и луксузни бутици, каде се кршеа прозорци, се ограбуваа продавници, а дојде и до конфронтации и престрелка со полицијата.

Повеќе од 100 лица беа уапсени заклучно со 9 часот изутрина, по локално време, соопшти началникот во чикашката полиција Дејвид Браун. Тринаесет полицајци се повредени за време на немирите, меѓу кои и еден наредник кој бил погоден со шише. Еден цивил и еден припадник на приватно обезбедување се повредени од огнено оружје.

Началникот Браун оцени дека станува збор за „чист криминал“, а градоначалничката Лори Лајтфут нагласи дека инцидентот се разликува од „оправданиот бунт“ по смртта на Џорџ Флојд, кој беше убиен од страна на полицијата на 25 мај.

– Ова не беше организиран протест. Ова беше чист криминал, рече Браун на прес конференцијата.

– За тоа не може да има некакво оправдување, дополни градоначалничката Лајтфут.

Remote video URL

Во немирите повредени се најмалку 13 полицајци. На околу 400 полицајци им биле потребни околу четири часа да ја стават ситуацијата под контрола, при што се приведени околу 100 лица.

На социјалните мрежи се објавени фотографии од искршени излози и луѓе како бегаат со полни раце стока. Повеќето инциденти се случиле на Авенијата Мичиген, во луксузната трговска зона позната како Величенствена милја.

Масовната пљачка почнала по објавите на социјалните мрежи во кои се поттикнувало на грабежи во центарот на градот.

Браун посочи дека повикот на социјалните мрежи уследил по тензиите кои избија откако полицајците пукале во вооружено момче. Додека полицијата го испитувала 20-годишниот осомничен, тој побегнал, пукајќи кон полицајците кои го гонеле. Полицајците возвратиле и го погодиле. Тој е во болница и се очекува дека ќе преживее, прецизираше Браун.

Remote video URL

– По пукањето, се собра народ… До вечерта страстите се разгореа, поттикнати од дезинформации. Поради објавите на социјалните мрежи, во тоа подрачје се испратени 400 полицајци, а беа пречекани од каравани луѓе кои пристигнале со автомобили.

Градоначалничката, исто така, потенцираше дека не се потребни федерални трупи за да воспостават ред во градот.

– Не ни се потребни федерални трупи. Точка. Потребна ни е контрола на оружјето, рече градоначалничката која е од редовите на Демократската партија.

Remote video URL

Полицијата во Чикаго ќе го ограничи пристапот до центарот на градот по инцидентот

Браун изјави дека движењето ќе биде ограничено од 20:00 до 06:00 часот, а „големото полициско присуство“ ќе продолжи до понатамошно известување.

Градските власти привремено ги прекинаа транспортните услуги до центарот на градот и ги кренаа мостовите.

Чикаго е еден од ретките американски градови каде употребата на оружје и убиства од неодамна е зголемена.

Remote video URL
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Свет

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Read more

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Read more

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе