Овој неверојатен погодок ни доаѓа од палестинската лига каде фудбалер успеа на својот тим да му донесе победа на гостински терен и тоа во судиското продолжение со неверојатен гол.
Се играше третата минута од судиското надополнување на натпреварот помеѓу тимовите на Уади Ал-Нес и Џабал Ал-Мукабер во лигата на Западниот Брег во Палестина. Резултатот беше 1:1, а тогаш на сцена стапи гостинскиот играч Шехаб Канбар кој со ножички од гол-аут линијата ја зафати топката и некако ја смести во домашната мрежа.
Со зборови е тешко да се опише, мора да се погледне на видео:
Инаку, Уади Ал-Нес имаше шанса да го освои првиот бод сезонава, но неверојатниот гол ги спречи во тоа.