Проверка на реалноста: Дали мигрантите навистина ја зголемуваат стапката на криминал во Германија?

Во изминативе неколку недели, во градот Кемниц во источна Германија разгореа тензиите околу прашањето со мигрантите и стапката на криминалот.  Протестите на екстремната десница почнаа откако двајца мигранти, Ирачанец и Сириец, беа уапсени за убиството на 35-годишен Германец кој беше избоден до смрт во тепачка на 26 август.

Следниот ден почнаа контрапротести што кулминираа со концерт во градот чија главна порака беше против насилството и ксенофобијата. Потоа, на 9 септември, имаше ривалски екстремно-десничарски и левичарски демонстрации во Котен, исто така источна Германија, откако Германец загина во инцидент во кој беше вмешан Авганистанец.

По огромниот прилив на мигранти и бегалци во Европа во 2015 година, повеќе од 1,5 милиони азиланти влегоа во Германија. Во тој период, анти-имигрантскат реторија се засили, исто како и поддршката за екстремно-десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД).

Лидерката на АфД Беатрис фон Шторх за емисијата „Денес“ на „Би-би-си Радио 4“ изјави дека: „Имаше 447 убиства извршени од нелегални имигранти во изминатава година.“

Дали е во право?

Според германското Министерство за внатрешни работи, 27 нелегални мигранти извршиле убиство или убиство во обид во 2017 година.

Бројката од 447 убиства со која се „расфрла“ АфД всушност се однесува на сите баратели на азил и бегалци кои се во Германија нелегално. Сѐ на сѐ, оваа група претставува 15% од вкупниот број од 2.971 осомничен поврзан со вакви криминали во Германија во 2017 година.

Стапка на криминал во Германија

Со исклучок на отстапката во средината на 2000-те, вкупната стапка на криминал опаѓа во Германија од почетокот на 90-те наваму.

Меѓутоа, тоа се смени во 2015 година – од прилика во истиот период кога стотици илјади бегалци почнаа да влегуваат во земјата.

Во 2014 година полицијата регистрирала 6,1 милиони прекршоци. Во 2016 година таа бројка скокнала на 6,4 милиони – во овие бројки влегуваат и нарушувања на законот за имирација, што неизбежно ги засега мигрантите.

Стапката на криминал се зголемила од 180.000 на 193.000 случаи во периодот од 2014 до 2016 година.

Бројот на убиства се зголемил за 14,6% и на силувања за 8% во истиот период.

Сепак, лани вкупниот број на регистрирани кривични дела, вклучувајќи кршења на законот за имиграција, опаднал за 10%, а бројот на случаи на насилен криминал се намалил за 2,5% од 2016 до 2017 година.

Мигрантите и криминалот

АфД тврди дека има поврзаност меѓу приливот на мигранти и растот на стапката на криминал. Од 2014 година, размерот на негермански осомничени во истите статистички податоци се зголемил од 24% на над 30% (неброејќи ги прекршоците поврзани со мигрантски и азилантски нерегуларности).

Погледнато уште подетално, во 2017 година бројот на луѓе класифицирани како „баратели на азил или воени бегалци или нелегални имигранти“ претставувал вкупно 8,5% од сите осомничени.

Ова е така иако нивната популација претставува само 2% од вкупниот број на жители во Германија.

Кога станува збор за насилен криминал, 10,4% од осомничените за убиство и 11,9% од осомничените за сексуални напади во 2017 година биле баратели на азил и бегалци.

Анализата поддржана од владат во Долна Саксонија која како покраина е четврта по бројот на примени азиланти, покажа дека има зголемување на насилниот криминал за 10,4% во периодот од 2014 до 2016 година.

Младите луѓе и криминалот

Криминолозите велат дека составот на новодојдените мигранти е многу важен фактор. Во 2014 година мажи од Германија на возраст од 14 до 30 години сочинувале 9% од популацијата и биле одговорни за половина од бројот на случаи на насилен криминал во земјата.

Кога станува збор за дојдените мигранти, мажи на возраст од 16 до 30 години сочинуваат 27% од вкупниот број на азиланти кои дошле во 2015 година.

„Демографијата е клучен фактор“, тврди доктор Доминик Кудлачек од Одделението за криминолошки истражувања во Долна Саксонија.

„Без разлика дали станува збор за азиланти или за мигранти од ЕУ, тие се помлади од просечната популација и главно мажи. Младите мажи извршуваат повеќе криминални дела во секое општество.“

Има и други фактори што влијаат врз трендот, вели Кудлачек.

„Тие се социјално осиромашени, сами и го поминуваат поголемиот дел од времето со други луѓе кои се под истите фактори на ризик – поголемиот дел од азилантите се сместени во бегалски кампови со многу малку приватност, што ја зголемува веројатноста за вршење криминал.“

Тој додава дека и самите азиланти честопати се жртви на криминал. Поголемиот дел од случаите на насилен криминал се напади врз други мигранти или бегалци.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе