Провокаторот Нејмар ја однесе Барселона подалеку од титулата, се соочува со продолжена суспензија

Фудбалерот на Барселона беше испратен од теренот синоќа по еден жолт и директен црвен картон на натпреварот со Малага, што го зацементира поразот на неговиот тим.

Малага ја победи Барселона со 2:0, во 31. коло во Ла лига и ги оддалечи Каталонците од борбата за тулата. Барселона одигра лош меч во Малага и таквиот пристап ја чинише четата на Луис Енрике пораз што веројатно значи крај на шампионските амбиции.

Бразилскиот напаѓач во првото полувреме доби жолт картон поради провокативно врзување на патиките веднаш до топката пред слободниот удар за Малага. Судијата Гил Манзано не ги прифати неговите изговори и му даде жолт картон.

Барселона во 65. минута остана со играч помалку кога Нејмар доби директен црвен картон.

Малага, која е во опасната зона, до водство стигна во 32. минута со голот на Сандро Рамирез, а за конечни 2:0 Џони во 90. Минута реализираше контранапад.

По 31. коло Реал остана лидер со 72 бода три повеќе и натпревар помалку од Барселона, Атлетико е трет со 62, бод повеќе од Севолја, додека Малага е на 14-то место со 33 бода.

Кога Нејмар излегуваше од теренот, саркастично аплаудираше кон судијата, што може да му донесе сополнителни проблеми. Нејмар ќе биде суспендиран еден натпревар за два жолти картони, но најверојатно ќе добие суспензија уште за два до три, согласно Членот 117 од дисциплинскиот кодекс, за противење на официјално лице.

Барселона игра со Реал Сосиедад следниот викенд, а потоа со Класико на 23 април.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе