Балканот полека ги руши стереотипите околу ЛГБТИ заедницата, особено кога станува збор за јавни личности кои се изјасниле дека се геј.
Матија Штајнер, партнер на првиот човек на клубот на социјалдемократите Домагој Хајдуковиќ во парламентот, првиот политичар во Хрватска кој јавно се декларирал како хомосексуалец, на својот Instagram профил објави фотографија на која се гледа како среќниот пар се бакнува.
Медиумите толкуваат дека овој гест, иако можеби мал, е показател дека Хрватска полека, но сигурно, сфаќа дека секоја љубов е еднаква,
„Сакам да ви се заблагодарам за поддршката и пораките, кои ги има многу, од познаници до сосема непознати“, напиша Матија.