Прв на пазарот: Omen X 2S е гејмерски лаптоп со два екрани

Во време кога лаптопите стануваат потенки, полесни и помоќни, навистина е тешко било која од компаниите да понуди нешто ново и свежо, со што ќе се докаже на пазарот. Меѓутоа, компанијата HP има ас во ракавот и со моделот Omen X 2S ни нуди нешто многу поразлично.

Omen X 2S е гејмерски лаптоп кој е прв на пазарот што има не еден, туку два екрани.

Примарниот екран има дијагонала од 15 инчи и резолуција од 1080p со фреквенција на освежување од 144 Hz (опционално 240 Hz или 4К), што го прави прилично стандарден екран како за врвен гејминг лаптоп. Но, адутото на HP е во вториот 6-инчен екран со резолуција од 1080р и е позициониран над тастатурата.

Преку вториот екран корисникот може да гледа видеа, да ги следи перформансите на лаптопот или да „четува“ на Twitch додека игра. Исто така, на помалиот екран ќе може да се прикажуваат делови од главниот екран, за корисникот да има подобар преглед на ситуацијата.

Лаптопот има процесор Intel Core-i9 со осум јадра, графичка картичка NVIDIA GeForce RTX 2080 Max-Q, 32GB RAM и опционална Intel Optane меморија. Покрај тоа, тој доаѓа со систем за ладење во пет насоки, како и термална паста од течен метал, која е десет пати повеќе спроводлива во однос на силиконската паста.

Дебелината на лаптопот изнесува вкупно 20 милиметри, допрва треба да дознаеме колку тежи и колкав е капацитетот на неговата батерија. Основниот модел на Omen X 2S чини 2.100 долари, а цената расте до 2.700 долари за најсилната верзија.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Гејминг

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Read more

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Read more

Гејмерите имаат можност бесплатно да ја пробаат Cyberpunk 2077

Read more

Не оди сѐ по планот: За GTA VI веројатно уште долго ќе чекаме

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе