Прв официјален трејлер за „The Predator“
Кон крајот на осумдесетите години од минатиот век се роди филмската франшиза „Predator“ во која Арнолд Шварценегер и многумина полу-познати холивудски актери се бореа против вонземскиот убиец наречен Предатор.
Сега, по многу неуспешни продолженија од франшизата, пристигнува нов филм во кој режисерот и сценарист Шејн Блек ќе се обиде да ја врати славата на овој филмски серијал.
Во главните улоги се појавуваат Ивон Страховски, Томас Џејн, Оливија Мун и Џејкоб Тремблеј а премиерата на филмот е закажана за 14 септември оваа година.