УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Прв пат по 1946 година Барса прими 8 голови

Катастрофален и понижувачки пораз ѝ нанесе минхенски Баерн на големата Барселона давајќи ѝ дури 8 голови, нешто што на Каталонците не им се случило од далечната 1946 година.

Во осминафиналето од тогашниот Копа дел Хенерал, денешен Копа дел Реј, Севиља ја понижи Барселона победувајќи ја со неверојатни 8:0 во првиот натпревар. Реваншот Барса го доби со пирови 1:0 и доживеа елиминација.

Сѐ до вчера тоа беше последен натпревар на кој Каталонците примиле толку многу голови. Сѐ додека не почна Баерн да ја полни нивната мрежа.

Забрефтаните Германци уште во 4. минута ја отворија гол-серијата со погодокот на Томас Милер на асистенција на Роберт Левандовски. Барса брзо се врати во игра, по само три минути и тоа со автоголот на Дејвид Алаба.

Милер го отвора резултатот

За ново водство на „Баварците“ се чекаше до 22. минута кога погоди Иван Перишиќ. Во 27. минута Серж Њабри и во 31. Томас Милер се погрижија Баерн да замине на пауза со висока предност од 4:1.

Луис Суарес врати некаква надеж за Барса со голот за 4:2 во 57. минута, но само 6 минути подоцна Џошуа Кимих повторно направи три гола разлика.

Во последните десетина минути германската машина продолжи да меле и да билда гол-разлика. Левандовски во 82. минута и нововлезениот Филипе Кутињо со два брзи гола во 85. и 89. минута се погрижија Барса да си замине дома понижена.

Баер е во полуфиналето каде го чека својот противник, а ќе го дознае вечерва откако Манчестер Сити и Лион ќе го одиграат својот натпревар. Другата полуфинална двојка е изненадувањето Лајпциг против претендентот ПСЖ.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more
 

Спорт

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе