Свет

Прв пат по 25 години: Цел викенд без ниту еден застрелан човек во Њујорк

18. октомври 2018 - 13:37 | А.С.

Градот Њујорк го регистрираше првиот викенд без ниту едно застрелано лице по цели 25 години, соопштија службите.

Никој не бил застрелан во американската метропола во текот викендот, што е прв случај њујорчани да поминат цел викенд без да слушнат истрели од огнено оружје од 1993 година наваму.

Службите велат дека во сите пет области на Њујорк не биле пријавени престрелки со жртви во текот на петокот, саботата и неделата.

Последното пукање пред викендот се случило во четвртокот утрото во Бруклин каде 25-годишен маж бил застрелан во стомакот, објави NBC New York.

Рекордот без пукање беше прекинат во понеделникот попладнето кога маж беше застрелан во Бронкс. Се очекува застреланиот да преживее.

Шефот на полицијата на Њујорк Родни Харисон се пофали на Twitter со викендот без пукотници, а градоначалникот Бил де Блазио им честиташе на полицајците дека се „тим што победува“.

Според статистиката на њујоршката полиција, досега годинава во Големото јаболко имало 600 инциденти со застрелани луѓе, што е намалување од 2% во споредба со истиот период во 2017 година.

Коментирај