Прв пат во јавност: Шон Пен се појави со 34 години помладата партнерка

Шон Пен (64) за прв пат се појави на црвениот тепих со својата нова девојка, 34 години помладата Валерија Ников. Двојката присуствуваше на 21. издание на Меѓународниот филмски фестивал во Маракеш, Мароко.

Пен на фестивалот пристигна во класичен, елегантен црн костум, додека 30-годишната Молдавка Валерија носеше долг црн фустан без прерамки. Шон беше награден на фестивалот за неговата успешна актерска и режисерска кариера.

Ова е прв пат да се појават заедно на јавен настан, а Шон и Валерија прв пат беа поврзани во септември, кога беа снимени како се бакнуваат во Мадрид.

Тие подоцна се појавија на аеродромот во Лос Анџелес, кога повторно разменуваа нежности во јавност. Во октомври заедно отпатуваа за Париз, а двајцата беа неразделни во текот на целото патување.

Да потсетиме, Шон минатата година стави крај на врската со актерката Натали Кели. Од 2020 до 2022 година, тој беше во брак со актерката Лејла Џорџ.

Со поранешната сопруга Робин Рајт има две деца - ќерката Дилан и синот Хопер. Во доцните 80-ти беше во брак со Мадона. Неодамна во интервју за The New York Times изјави:

„Едноставно сум слободен. Ако сакам да бидам во врска, сепак ќе бидам слободен или нема да бидам во врска и нема да се повредам. Не верувам дека љубовта повторно ќе ми го скрши срцето“.

Тој исто така рече дека избегнува драма во врските и дека колешките од филмската индустрија му покажале дека врските не мора да бидат драматични или исцрпувачки.

Тагови
реклама

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Read more

Мачка: Како и да ја викате, не доаѓа

Read more

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Read more

Филм & ТВ

Господар на ѕвездите: Што ако ги споиме Lord of the Rings и Star Wars?

Read more

Топ 10 актери кои глумеа исто во сите улоги

Read more

Харви Вајнстин низ солзи зборуваше за обвинувањата на Гвинет Палтроу

Read more

Која е најголемата желба на порно ѕвездата Анџела Вајт?

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Господар на ѕвездите: Што ако ги споиме Lord of the Rings и Star Wars?

Читај повеќе
  • play_arrow

Која е најчесто користената песна во филмови?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 актери кои глумеа исто во сите улоги

Читај повеќе

Харви Вајнстин низ солзи зборуваше за обвинувањата на Гвинет Палтроу

Читај повеќе

Која е најголемата желба на порно ѕвездата Анџела Вајт?

Читај повеќе
  • play_arrow

Фотограф „му го пукна филмот“ на Дензел Вашингтон во Кан

Читај повеќе

Џесика Бил не им дозволува на синовите да ги гледаат нејзините филмови: Не им треба тоа, премлади се

Читај повеќе

Дали Netflix треба да ви врати 200 евра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе