Мобилни

Прв поглед кон новиот Google Pixel 3 Lite

17. јануари 2019 - 14:29 | К.З.

Веќе стана традиција за Google да дозволува да „протечат“ информации околу нивните нови телефони, па истото се случи и за моделот Pixel 3 Lite, за кој многу детали беа познати уште одамна, но сега тој се појави и на ексклузивно видео.

YouTube каналот Andro News објави видео кое содржи повеќе информации за Pixel 3 Lite, а покрај тоа и одблиску покажа како ќе изгледа новиот смартфон на Google.

Според Andro News, телефонот би требало да поседува процесор Qualcomm Snapdragon 670 и 4GB RAM. Од видеото се гледа тој изгледа многу слично на Pixel 3, со тоа што новиот модел нема втора селфи камера на предниот дел. И покрај тоа што се очекува да биде нешто поевтин од флегшип моделите на Google, овој модел ја има истата камера со сензор од 12 мегапиксели и каналот Andro News тврди дека Pixel 3 Lite фотографира со ист квалитет како Pixel 3.

Надворешната маска е направена од пластика и за разлика од флегшип моделите на Pixel, Google реши да вгради отвор за слушалки кај Pixel 3 Lite. Тој има 5,56-инчен екран со резолуција од 2.220 х 1.080, како и батерија од 2.915 mAh.

Откако во изминатите два месеци беа откриени скоро сите детали на новиот телефон на Google, логично е дека компанијата ќе го претстави на пазарот во најбрзо можно време. Но, знаејќи како постапува Google со ваквите „протекувања“, тешко е да се претпостави дека Pixel 3 Lite ќе биде промовиран пред да започне неговата продажба во Хонг Конг.

Коментирај