Прв поглед на самовозечкиот автомобил на Cruise
Cruise, подружницата за самовозечки возила на General Motors, го претстави првото возило што ќе се управува без човечки возач - Cruise Origin.
Автомобилот, кој нема ни волан, ни педали, е така дизајниран да биде попросторен и прилагоден за потребите на патниците во споредба со типичните самовозечки автомобили.
Од Cruise велат дека електричниот автомобил ќе го користи компанија за превозни услуги, но не нагласија која.