Прв поглед на серијата „На терапија“ (Видео)

„Да знаат пациентите што све ми поминува низ глава, веројатно ниту еден не би се вратил кај мене никогаш“, е скокотливата реплика на Никола Ристановски и неговиот карактер Д-р Терзиев со која почнува долгоочекуваниот трејлер за новата македонска серија „На терапија“.

Двеминутниот трејлер дефинитивно зборува многу за 45-те епизоди кои следуваат. Широкиот дијапазон на емоции, напнатоста и „заразната“ тензија без дилема ќе го разбудат секое чувство освен рамнодушноста. Се чини дека во меланхоличната соба во која се одвиваат сесиите на Д-р Терзиев и неговите пациенти, најсветлата точка е неговата лава лампа, а најмирно пливаат рибите во аквариумот.

Низ кадрите може да се вкуси изведбата на низа комплексни карактери и уште покомплексни животни приказни. Расплаканата Јелена Јованова во улогата на Милена ги соголува своите чувства и буквално и фигуративно. Висар Вишка во улогата на Гент и Драгана Костадиновска во улогата на неговата сопруга Зана моќно ја доловуваат тензијата во нивниот брак и се слика и прилика на тоа дека после смеење доаѓа плачење.

Ангела Димитрова во улогата на тинејџерката и пливачка Ивана ги скока сите барања за дозволи. Тони Наумовски во улогата на војникот Владо плаче исто толку силно колку што провоцира. Во солзи е и Амернис Нокшиќи во улога на Ана Терзиева, сопругата на Д-р Терзиев. А во сето тоа, единствениот глас на разумот е Бедија Беговска во улогата на психотерапевтот Д-р Вера Арсиќ.

„На терапија“ започнува со емитување на 18 септември на „ТВ Сител“. Ако треба да донесеме еден заклучок од овој трејлер, тоа е дека со нетрпение треба да ја очекуваме премиерата.

Погледнете го трејлерот:

Повеќе детали за серијата се достапни на официјалната веб страна: www.NaTerapija.mk

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Филм & ТВ

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Read more

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Read more

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Read more
 

Сцена

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе