Режисерот Колин Тревороу реши да им подари на фановите краток поглед кон светот на новиот „Jurassic World: Fallen Kingdom“. Покрај Овен, ликот кој го глуми Крис Прат, во видеото можете да видите и како изгледа бебе велосираптор.
Можеби е сѐ уште рано за да добиеме трејлер, но сепак Колин Тревороу не сакаше да нѐ држи долго во неизвесност и на неговиот Twitter профил сподели кратко видео кое ги покажува Крис Прат (Овен Брејди) и малото бебе раптор, кое многу потсетува на Baby Blue од претходниот филм од оваа франшиза, „Jurassic World“.
Според бојата на кожата, малиот велосираптор потсетува на Blue, кој беше возрасен во претходниот дел од оваа франшиза, и едно од логичните објаснувања е дека овој исечок од филмот претставува сеќавање кое го има главниот лик, Овен Брејди.
„Jurassic World: Fallen Kingdom“ доаѓа во кино-салите на 22 јуни 2018 година.