Филм & ТВ

Прв поглед на Том Харди во улогата на Ал Капоне

9. август 2018 - 15:43 | К.З.

Британскиот актер Том Харди во моментов работи на снимањето на новиот филм „Fonzo“, биографска приказна за најпознатиот мафијаш на сите времиња – Ал Капоне. Режисерот на филмот, Џош Тренк, реши да сподели со јавноста една фотографија на која Том Харди е влезен во улогата на Ал Капоне.

Изгледа дека Том Харди може да се претопи во секоја улога, па затоа воопшто не е изненадувачко тоа што совршено му прилега улогата на Ал Капоне.

„Fonzo“ се фокусира на одреден дел од животот на познатиот мафијаш, кога на возраст од 47 години мозокот на Капоне е оштетен од деменција откако ги има поминато последните 10 години во затворска ќелија. Во неговата глава тогаш се преплетуваат минатото и сегашноста, притоа потсетувајќи го на насилството и криминалот во кој учествуваше додека беше слободен човек. Тој почина во 1947 година на возраст од 48 години.

Заедно со Том Харди во филмот се појавуваат уште и Линда Карделини, Мет Дилон, Кајл Меклахлан и Кетрин Нардучи, а тој е режиран од Џош Тренк, режисерот познат по скандалот со „Fantastic Four“ (2015). За Тренк ова е шанса за враќање во Холивуд откако подолг период ниту едно студио немаше доволно доверба во него, најмногу поради проблемите кои се случија на сетот на „Fantastic Four“.

Коментирај