Прв пораз за Федерер во 2019 година

Перт, 3 јануари 2019 (МИА) – Роџер Федерер го победи младиот грчки талент Стефанос Циципас и така обезбеди за Швајцарија место во финалето на „Хопман купот“ во австралискиот град Перт. 37-годишниот Федерер го победи 20-годишниот Циципас со 7:6 (5), 7:6 (4) за час и 37 минути игра.

„Ми се допаѓа да играм против младите момчиња, ако треба да бидам искрен. Тие носат нешто поинакво, нешто што никогаш не сум го видел досега и таков беше случајот денес“, рече по дуелот Федерер.

Швајцарија имаше потреба од една победа во дуелот против Грција за да стигне до финалето, откако во другите два дуели од групата „Б“ ги победи Велика Британија со 3:0 и САД со 2:1.

На крајот, Швајцарците загубија со 1:2 од Грција. Во останатите две средби Марија Сакари ја победи Белинда Бенчиќ со 6:3, 6:4, а во парови Сакари и Циципас победија драматично против Бенчиќ и Федерер со 4:3 (4), 2:4, 4:3 (3).

За Федерер ова беше првиот пораз на турнирот во шест натпревари (3 во сингл и 3 на парови) со негово учество во Перт.

Другиот фаворит за титулата е Германија, кој игра во состав Анџелик Кербер и Александар Зверев. Минатата година, Германија загуби во финалето од Швајцарија (повторно Федерер и Бенчиќ). Кербер и Зверев играат против Австралија на последниот натпревар од групата „А“ утре.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Тенис

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Read more

Сабаленка елиминирана, го скрши рекетот и замина без поздрав

Read more

Сабаленка откри дека раскинала со Колцов пред да се самоубие: Срцето ми е скршено

Read more

Сабаленка на терен 72 часа по смртта на момчето и веднаш против најдобрата другарка

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе