Прв пробен лет на Air Albania

Тирана, 15 септември 2018 (МИА) - Албанскиот национален авиопревозник Air Albania денеска го имаше првиот пробен лет. Авион од типот Airbus 319 полета од меѓународниот аеродром во Тирана кон Истанбул, а првите патници беа најдобрите според успехот студенти и матуранти.

На првиот лет на Air Albania присутуваше и албанскиот премиер Еди Рама.

„Изборот први патници да бидат најдобрите студенти и матуранти е поради фактот што тие се светлото лице на другите генерациии. Верувам дека тие ќе имаат среќна нога за авиокомпанијата“, рече Рама.

Претходно на инаугурацијата на компанијата Рама најави дека секој од авионите ќе носи име на албански поети. Првиот авион го доби името „Ласгуш“. По еден месец ќе полета авионот „Миѓени“, додека до крајот на годината „Имзот Ноли“, ќе лета на релацијата Тирана-Њујорк.

Рама најави изградба на уште три аеродроми во Албанија и тоа во Кукс, Саранда и Валона.

Албанската авиокомпанија Air Albania беше формирана во ноември минатата година со помош на Turkish Airlines, за што голема благодарност Рама упати до шефот на турската држава Реџеп Тајип Ердоган и на извршниот директор на турскиот авиопревозник, затоа што, како што рече, и обезбедиле ваква скапоцена помош на Албанија.

Тројца партнери во Air Albania се Albcontrol со 10 проценти, што ја претставува албанската страна, како и Turkish Airlines и MDN Investements со 49, односно 41 процент од акциите.

Рама, најави дека ќе се воспостават летови од Тирана до Скопје, Подгорица, Приштина, Сараево, Загреб, Милано и Лондон.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе