Нема причина за паника

Прв случај на корона вирус во Македонија, властите апелираат за смиреност

Скопје, 26 февраури 2020 (МИА) – Жена од Скопје, родена во 1970 година, е првиот потврден случај со коронавирус во земјава. Пациентката, која одреден период престојувала во Италија, а допатувала преку граничниот премин Табановце превезувајќи се со комбе во кое имало уште неколку лица, моментно е на интензивна нега во Одделот за изолација на Инфективната клиника. Свесна е, ориентирана и дише нормално.

Како што соопштија попладнево министерот за здравство Венко Филипче, д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје и премиерот Оливер Спасовски нема простор, ниту причина за паника. Ситуацијата е под контрола, постојано се следи, а институциите се подготвени за брза реакција и ги преземаат и сите неопходни мерки според меѓународните протокли.

Филипче, Спасовски и Караџовски апелираа граѓаните да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство и да се однесуваат одговорно. Да не се шири дефетизам, посебно не на социјалните мрежи. Воедно повикаа, компаниите и институциите да не им дозволат на оние вработени кои периодов биле во Италија, да доаѓаат на работа зашто тие прво мора да минат 14 дена во домашна изолација – период колку што трае инкубацијата на вирусот.

Во однос на заштитните маски, министерот Филипче нагласи дека тие претставуваат само дополнителен ризик за здравите луѓе и дека е најдобро да ги носат болните. Целта на маските е да се спречи пренесување на која било зараза. Тој потсети и дека корона вирусот се шири, пред се, респираторно, преку кивање и кашлање, но и преку нечисти раце.

– Нема простор за паника, пациентката е сместена на Инфективната клиника во Одделот за изолација и соодветно се третира нејзината состојба. Епидемилошките анализи укажаа дека еден месец била во Италија во посета на роднини. Веќе две недели е болна и иницијално се тестирала во здравствената установа во Италија. Непосредно по влегувањето во земјава, директно се упатила на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Инкубацијата е помината и во моментот на транспорт не претставувала опасност за пренесување на болеста, рече Филипче.

Министерот најави дека сите што биле во комбето со пациентката ќе бидат соодветно тестирани, а анализи ќе се спроведат и кај членовите на нејзиното семејство кое ја превезло од Табановце до Инфективната клиника. Сите, исто така, ќе бидат ставени во 14-дневна изолација. Деталите за нивната состојба ќе бидат соопштени на следната прес-конференција во Владата, закажана за 20 часот.

Упатувајќи смирувачки тонови, д-р Караџовски рече дека едно позитивно лице не претставува ризик за населението. Тој објасни и дека пациентката со корона вирусот била внесена на Инфективната клиника од посебен влез, а и движењето во Клиниката било низ посебни ходници. Всушност, биле спроведени соодветните процедури и постапки.

– Граѓаните може да бидат мирни, зашто ништо не нè изненади. Медицинските служби се 24/7 подготвени да дејствуваат и за само половина час можат да направат екипа, напомена Караџовски.

И според премиерот Спасовски, ситуацијата е под контрола. Пациентката со корона вирусот е третирана согласно сите препораки.

– Институциите се подготвени да реагираат веднаш. Апелирам граѓаните целосно да се придржуваат кон препораките на Министерството за здравство. Во овој момент е многу важно свеста кај сите да биде на високо ниво во однос на препораките, но и во однос на одговорното однесување, посебно на социјалните мрежи. Да не не поведуваат емоциите наместо разумот и да не оставаме простор за панични реакции пред она што е реално, истакна Спасовски.

Одговорајќи на новинарски прашања, тој напомена дека јавни собири и други случувања на отворен простор засега не се забранети, ниту има причина за тоа. Одлуки во однос на овие и слични прашања ќе се носат на дневна основа, зависно од текот на случувањата.

Обезбедени се, информира премиерот, и соодветни објекти, како и простории за дополнителна изолација, ако за тоа евентуално се јави потреба.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе