Прв тизер трејлер за документарецот на Хари и Меган за Netflix
Документарецот за принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл кој го сними Netflix со некогашната кралска двојка, конечно доби прв тизер трејлер.
Netflix не го соопштува точниот датум на премиерата на Harry & Meghan, туку дава само 50 секунди за да ѕирнеме во она што ќе може да го видиме.
Во тизерот, принцот Хари вика дека морал да направи сè за да го заштити своето семејство, а Меган вели дека кога веќе влогот е толку голем, зошто самите да не ја раскажат својата приказна.