Прв тизер за новото продолжение на „Ghostbusters“
Иако пред само две години добивме римејк на култниот „Ghostbusters“ со женска актерска екипа, вчера беше соопштено дека наредната година пристигнува ново продолжение од оваа франшиза кој целосно ќе ги игнорира случувањата од последниот филм.
Како режисер на филмот се потпишува Џејсон Рајтман, кој е познат по работата на филмовите „Juno“ и „Up In the Air“, а актерската екипа засега останува непозната. Премиерата на филмот е закажана за 2020 година, но студиото реши да ги почести фановите со еден краток, но интересен тизер.