Прв тизер за „Solo: A Star Wars Story“
Наредниот филм од франшизата „Star Wars“ излегува за само три месеци. Досега немаше ниту слика, ниту трејлер од филмот за Хан Соло, но тоа се промени во вчерашната Супербоул вечер, каде за време на паузата за реклами беше пуштен првиот тизер за „Solo: A Star Wars Story“.
Филмот е во режија на Рон Хауард, а во главните улоги се појавуваат Алден Ехренрајх, Емилија Кларк, Доналд Гловер, Тенди Њутон и Вуди Харелсон.
Целосниот трејлер би требало да излезе доцна вечерва по американско време.