Прв трејлер за „Charlie’s Angels“
Како што беше најавено, трејлерот за „Charlie’s Angels“ пристигна пред крајот на оваа недела. Мајли Сајрус, Аријана Гранде и Лана Дел Реј соработуваа за најавната песна од овој филм.
Со Кристен Стјуарт, Наоми Скот и Ела Балинска во главните улоги, новиот филм ќе се појави во киносалите на 15 ноември. Режисерка на филмот е популарната актерка Елизабет Бенкс, која изминатите години се тестираше во режисерските води и доби многу позитивни критики.