Прв трејлер за долгометражниот „Dumbo“ на режисерот Тим Бартон
Постоеја многу сомнежи околу тоа како би можел да изгледа долгометражната верзија на култниот анимиран филм „Dumbo“ во режија на ексцентричниот Тим Бартон. Првата снимка сепак покажува дека има на што да се надеваме.
Како и претходните филмски екранизации на легендарните анимирани филмови на Disney, така и оваа е преполна со познати и квалитетни актери, како Мајкл Китон, Ева Грин, Дени ДеВито и Колин Фарел.
Оригиналниот „Dumbo“ за првпат беше прикажан во 1941 година, а веќе во март 2019 година го добиваме неговиот долгометражен римејк во македонските киносали.