Прв трејлер за „Good Boys“ – новиот филм на Сет Роген
Креативниот тим кој стои зад комедиите „Pineapple Express“ и „Superbad“ е повторно заедно за да ви ја раскаже урнебесната приказна за тројца шестоодделенци кои само сакаат да се забавуваат.
На почетокот на трејлерот Сет Роген им објаснува на тројцата другари како тие се доволно стари за да глумат во филм со „чувствителна“ содржина, но не се доволно стари за да го гледаат трејлерот за тој филм – што самото по себе е шега.
Сет нема да биде дел од актерската екипа, туку е дел од креативниот тим кој го напиша, режираше и продуцираше филмот. Покрај Роген дел од продуцентскиот тим е и Еван Голдберг, кој беше режисер на познатите комедии „This is the End“ и „The Interview“.
Премиерата на филмот е закажана за август оваа година.