Прв трејлер за комедијата „My Spy“
Дејв Баутиста, кој стана популарен во Холивуд откако се појави во улогата на Дракс во „Guardians of the Galaxy“, овојпат се наоѓа во улога на шпион испратен од ЦИА за да го надгледува семејството на 9-годишната Софи, но работите не одат според планот.
„My Spy“ е во режија на Питер Сигал, а во главните улоги покрај Дејв Баутиста се појавуваат уште Клои Колман, Кен Јеонг и Кристен Шал.