Прв трејлер за MobLand, новата гангстерска серија на Гај Ричи

Paramaunt+ го објави официјалниот трејлер за MobLand, нова гангстерска серија на Гај Ричи, креаторот на хит филмот и серијата The Gentleman.

Главната улога во серијата ја толкува Том Харди, кој игра криминалец кој му помага на мафијашкото семејство Хариган. Семејството е предводено од сопружниците Конрад и Мејв, кои ги играат Пирс Броснан и Хелен Мирен.

Серијата ќе го следи крвавиот конфликт помеѓу криминалните семејства Хариган и Стивенсон, кои се борат за превласт над криминалното подземје.

Покрај веќе наведените ѕвезди, во актерската екипа се и Педи Консидин, Џоан Фрогат, Лара Пулвер, Енсон Бун, Мандип Дилон, Јасмин Џобсон, Алекс Фајн, Џеф Бел, Даниел Бетс, Лиза Дван и Емили Барбер.

Креатор на серијата е Ронан Бенет, кој исто така служи како извршен продуцент заедно со Ричи, Дејвид К. Гласер, Рон Буркл, Боб Јари, Дејвид Хаткин, Иван Аткинсон, Кит Кокс, Нина Л. Дијаз, Џез Батерворт, Крис Тајкер и Том Харди.

MobLand првично беше замислена како продолжение на крими серијата Ray Donovan и требаше да се вика The Donovans, но за време на продукцијата стана оригинална приказна која нема никаква врска со серијата на Showtime.

Серијата MobLand ќе има премиера на 30 март во САД, Канада, Велика Британија и Австралија. Не е познато кога серијата ќе биде достапна во другите делови на светот.

Remote video URL
реклама

Филм & ТВ

Искрен трејлер за Freddy vs. Jason

Read more

Зои ја тргна Скарлет од врвот и стана најплатената актерка на сите времиња

Read more

Актерот Кифер Сатерленд уапсен за напад во Лос Анџелес

Read more

Потврдено: Хит серијата Adolescence на Netflix ќе има втора сезона

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Искрен трејлер за Freddy vs. Jason

Читај повеќе
  • play_arrow

Зои ја тргна Скарлет од врвот и стана најплатената актерка на сите времиња

Читај повеќе

Кончита Вурст се повлекува од Евровизија

Читај повеќе

Актерот Кифер Сатерленд уапсен за напад во Лос Анџелес

Читај повеќе

Жени го обвинуваат Хулио Иглесијас за сексуален напад

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Хит серијата Adolescence на Netflix ќе има втора сезона

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за Disclosure Day на Стивен Спилберг

Читај повеќе

Доделени Златните глобуси: Доминираа филмот One Battle After Another и серијата Adolescence

Читај повеќе