Прв трејлер за новата сезона на „Veronica Mars“
Изгледа дека на фановите на „Veronica Mars“ никогаш нема да им здосади од гледање на Кристен Бел во улогата на допадливата квази детективка која има голема желба да решава мистерии. Поради големиот интерес, Hulu реши да продуцира и емитува четврта сезона на серијата, а синоќа беше објавен и трејлер за истата.
Кристен Бел се враќа во улогата на Вероника Марс, а помеѓу новите ликови се добро познатите Џ.К. Симонс, Патон Освалт и Кирби Хауел-Баптист.
Премиерата на четвртата сезона на „Veronica Mars“ е закажана за 26 јули и таа ќе се емитува ексклузивно на Hulu.