Прв трејлер за продолжението на „The Shining“: Јуан Мекгрегор одново го преживува хоророт во „Doctor Sleep“
Популарната книга „The Shining“ доби свое продолжение во 2013 година, кое го носи името „Dr. Sleep“, а Холивуд не чекаше долго за да ја екранизира оваа нова приказна на хорор мајсторот Стивен Кинг.
Во трејлерот за „Doctor Sleep“ се појавува Јуан Мекгрегор во улогата на возрасен Дени Торенс, кој и покрај траумите кои му ги направи хотелот Оверлук, се обидува да има нормален живот. Сепак, тоа не може да трае долго...