Прв трејлер за психолошкиот трилер Hypnotic со Бен Афлек

Избрана публика имаше можност да го ѕирне тизерот за новиот филм Hypnotic на Роберт Родригес на овогодинешниот SXSW, а сега го добивме и првиот трејлер пред да го видиме филмот во кината оваа пролет.

IGN го претстави првиот официјален трејлер за претстојниот психолошки трилер, кој го следи полицискиот детектив Даниел Рурк (Бен Афлек) додека ја бара својата исчезната ќерка Мини (Хала Финли). Тој наскоро дознава дека таа е поврзана со серија тековни грабежи спроведени од мистериозен човек (Вилијам Фихтнер) кој има хипнотички моќи.

Очајниот татко полека почнува да излегува од контрола откако неговата истрага го притиска да се соочи со своите најдлабоки, најмрачни стравови. Со помош на јасновитката Дијана Круз (Алис Брага), Даниел тргнува да го гони мистериозниот човек, додека попатно научува дека луѓето со хипнотички моќи можат да ги принудат своите жртви да видат и почувствуваат работи што не се реални.

На Афлек, Финли, Фихтнер и Брага во актерската екипа им се придружуваат Џеф Фахи, Кели Фрај, Џеј Ди Пардо, Бони Дисеполо, Дајо Окенији, Дерек Русо и Корина Калдерон.

Погледнете го трејлерот за Hypnotic подолу. Филмот треба да дебитира во кината на 12 мај.

Remote video URL
Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Филм & ТВ

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Read more

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Read more

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Read more
 

Сцена

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Читај повеќе

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе