Прв трејлер за романтичната комедија „Your Place Or Mine“ со Рис Витерспун и Ештон Кучер
Најновата романтична комедија „Your Place Or Mine“ со Рис Витерспун и Ештон Кучер во главните улоги е приказна за двајца пријатели кои ќе решат да си ги сменат местата на живеење на една недела – ликот на Витерспун се сели во Њујорк, а на Кучер во Лос Анџелес.
Забавата ќе се искомплицира кога едниот од нив ќе почне да развива чувства за другиот.
„Your Place Or Mine“ ќе биде достапен на Netflix на 10 февруари.