Филм & ТВ

Прв трејлер за „Venom“ – Том Харди e антихеројот на Marvel

12. февруари 2018 - 19:08 | А.С.

Sony Pictures го објави првиот тизер трејлер за филмот „Venom“ во режија на Рубен Флејшер што ќе има премиера на 5 октомври годинава.

Иако не е прикажано како ќе изгледа стрип ликот  Веном, во тизерот е прикажан Том Харди во улогата на Еди Брок кој подоцна ќе стане Веном.

Веном е вонземјанин кој има форма на лигава течна сапуница и му е потребен „домаќин“ во чие тело може да живее. По пат на симбиоза ќе се спои со човек и така  настанува антихеројот Веном.

Оригинално бил негативец, но со тек на време станал антихерој како Дедпул. Негов најголем непријател е Спајдермен. Иако во филмови се појавил само еднаш и не бил добро прикажан, Веном со години се појавува во стриповите на Marvel.

Коментирај