Прв трејлер за White House Plumbers – сатирична драма за скандалот Вотергејт

Креаторите на Veep се враќаат во Белата куќа со уште една скандалозна сатира заснована на вистински настани околу скандалот Вотергејт.

Вуди Харелсон и Џастин Теро се подготвени да ги поправат расипаните цевки во политиката, се најавува во првиот трејлер за White House Plumbers.

Дуото глуми вистински поранешни агенти на ЦИА и ФБИ кои беа ангажирани од администрацијата на Никсон да го истражат протекувањето на документите на Пентагон во претстојната лимитирана серија на HBO. Зад серијата стојат креаторите на Veep, добитници на Еми награда, Дејвид Мендел, Алекс Грегори и Питер Хајк.

Според официјалниот синопсис, White House Plumbers ја носи публиката зад сцената на скандалот Вотергејт додека политичките саботери на Никсон, Е. Хауард Хант (Харелсон) и Г. Гордон Лиди (Теру), случајно го соборуваат претседателот кој ревносно се обидуваат да го заштитат.

Следејќи ги хронолошки акциите на терен, оваа сатирична драма започнува во 1971 година кога Белата куќа ги ангажира Хант и Лиди, поранешни агенти на ЦИА и ФБИ, соодветно, да го истражат протекувањето на документи на Пентагон.

Докажувајќи дека историјата понекогаш може да биде почудна од фикцијата, White House Plumbers ги расветлува помалку познатите настани што доведоа до едно од најголемите политички злосторства во Америка.

Лимитираната серија е делумно заснована на книгата на Егил Крог и Метју Крог од 2016 година „ Integrity: Good People, Bad Choices, and Life Lessons from the White House“, како и јавни записи.

Дејвид Мендел е режисер и главен извршен продуцент на White House Plumbers, а серијата е копродукција на HBO со wiip со извршните продуценти Пол Ли, Марк Ројбал и Не Ебонг.

„Претпоставувам дека она што сакам да го кажам е: ‘Се работи за драма, но е многу смешно’“, изјави Мандел за IndieWire.

Премиерата на White House Plumbers е на 1 мај на HBO.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Филм & ТВ

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Read more

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Read more

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Read more

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе